(се) бендерат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се перчи, се прави важен: се качува на високо.
Примери:
Тој се бендереше, без срам, пред туѓинците.
испофалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испофали) Се пофали многу.
Примери:
Се испофали како тие да не ја знаеја вистината.
(се) коцорат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се перчи, се прави важен.
(се) курчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави важен, се чалами, се дува.
Примери:
Се курчи со новата кола.
(се) наперчат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, покаже надменост, се надуе, се вообрази.
Примери:
Се наперчил, мисли којзнае кој е.
(се) пиштолат
Вид збор: Глагол, несвршен
силат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сили) Се перчи со својата сила.
Примери:
Што се силиш, никој не ти се плаши.
(се) фодулат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) чаталат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави претерано важен.
Примери:
Се фали, се чатали пред девојчињата собрани на гумното.